недела, 24 ноември 2024

Украина тврди дека постигнува напредок во јужниот сектор на контраофанзивата

Објавено на

часот

Сподели

Последниот извештај за контраофанзивата, како и извештајот за „очајниот отпор“ на руските трупи на истокот, беше објавен откако украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека движењето во контраофанзива е „најважната работа“.

„Секој војник, секој нов чекор што го преземаме, секој метар од украинската земја ослободена од непријателот е од најголема важност“, рече Зеленски во својата ноќна видео порака, пренесува Ројтерс, додавајќи дека не може да ја потврди ситуацијата од бојното поле.

Русија официјално не го призна напредувањето на Украина во раните фази на контраофанзивата и рече дека ѝм нанела големи загуби на силите на Киев во претходните 24 часа.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар изјави на Телеграм дека војниците „се ангажирани во активни движења за да напредуваат во неколку правци одеднаш“.

„Практично во сите сектори каде што нашите единици напаѓаат на југ, тие бележат тактички успеси“, вели Маљар.

„Тие постепено напредуваат. Во моментов напредувањето е до два километри во секоја насока“.

Генерал-полковникот Олександр Сириски, кој е задолжен за копнените сили на Украина, ја опиша ситуацијата на исток како напната, при што Русија ги внесува своите најдобри дивизии во секторот Бахмут со артилериска и авионска поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ