недела, 20 октомври 2024

Украина: Русите лансираа шест хиперсонични проектили Кинжал, ги соборивме сите

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 3 часот и 30 минути на 16 мај 2023 година, руските окупатори ја нападнаа Украина од север, југ и исток со 18 ракети од различен тип, лансирани од воздух, море и копно“, објави генералот Жалузни на Телеграм.

Тој објави и кои проектили ги пресретнала и ги соборила Украина: шест аеробалистички ракети Кинжал Кх-47М2 лансирани од шест авиони МиГ-31К; девет крстосувачки ракети од типот Калибр, лансирани од бродови во Црно Море; три проектили лансирани од земја (С-400, Искандер-М).

Тој додаде дека украинската воздушна одбрана синоќа уништила и беспилотни летала лансирани од руските сили.

ио

„Непријателот нападна со беспилотни летала Шахед-136/13 и се обиде да изврши воздушно извидување со помош на три тактички беспилотни летала. Сите беа уништени“, објави Жалузни.

И министерот за одбрана Олексеј Резников ги пофали украинските воздухопловни сили, наведувајќи дека противвоздушната одбрана соборила шест руски хиперсонични ракети од типот Кинжал.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ