сабота, 19 октомври 2024

Украина: Русите ја разнесоа браната за да спречат офанзива на југот

Објавено на

часот

Сподели

Москва за уривањето на браната ја обвини Украина. Двете страни се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на цивили додека се спроведуваат спасувачки акции. „Експлозијата на хидроцентралата Каховка очигледно е изведена со намера украинските одбранбени сили да се спречат во тргнување во офанзива во секторот Херсон“, рече Малиар на апликацијата за размена пораки Телеграм.

Таа оцени дека целта на акцијата, која предизвика голема поплава на градови и на села, ги зароби жителите и однесе цели куќи, исто така била да се помогне во распоредувањето на руски резервни сили во подрачјата на Запорожје и Бахмут. Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа во саботата дека во Украина се одвиваат противофанзивни и одбранбени операции, без да изнесе детали.

Воениот портпарол кажа дека украинските сили во противнападот напредувале до 1.400 метри на многу делови на линијата на боиштето во близина на источниот град Бахмут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ