петок, 18 октомври 2024

Украина пред буџетски колапс, премиерот бара итна финансиска помош

Украинскиот премиер Денис Шмигал ѝ испрати писмо на меѓународната група која ги координира фондовите за да побара итна средба со западните донатори, бидејќи Киев се соочува со „исклучително голема неизвесност“ околу својот буџет, пренесува Блумберг.

Објавено на

часот

Сподели

Според пишувањето на тој портал, украинскиот премиер месецов ѝ испратил писмо на Платформата за координација на донаторите за Украина, повикувајќи ги западните спонзори да помогнат во покривањето на дупките во буџетот на неговата земја.

„За да ја одржиме макроекономската стабилност, императив е да добиеме доволно, брзо и предвидливо надворешно финансирање, почнувајќи од јануари 2024 година“, напишал Шмигал.

Украинската економија речиси целосно зависи од финансиската поддршка од Западот, додека Киев изрази загриженост дека приливот на пари може да прекине, откако новите пакети помош неодамна беа блокирани во Европската Унија и во Соединетите Американски Држави.

Министерството за финансии соопшти минатата недела дека фискалните потреби на Украина за 2024 се проценуваат на 37,3 милијарди долари, по повеќе од 42 милијарди долари странска помош кои ги доби годинава.

„Тешко е да се води каква било дискусија за проекти на обнова кога се бориме да ги исполниме приоритетите за опстанок во 2024 година“, се наведува во писмото на Шмигал.

Тој побарал одржување на состанок на донаторите во јануари, еден месец пред закажаниот собир.

Поранешниот украински премиер Николај Азаров украинската економија неодамна ја спореди со зомби кој знаци на живот покажува само благодарение на западната помош, истакнувајќи дека „таа се распаѓа“ со минимален раст на БДП и претстојна девалвација на валутата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ