вторник, 22 октомври 2024

Украина: Полињата во Херсон би можеле да станат пустина по уништувањето на браната

Објавено на

часот

Сподели

Се очекуваше дека поплавите ќе бидат многу поголеми на јужниот брег на реката, во регионот под руска окупација, се вели во соопштението на веб-страницата на министерството. Детални информации ќе бидат објавени во наредните денови кога министерството ќе има појасна слика за состојбата.

„Покрај тоа, катастрофата предизвикана од човечка активност ќе го наруши снабдувањето со вода во 31 систем за наводнување на полињата во регионите Дњепропетровск, Керсон и Запорожје“, соопшти министерството.

„Уништувањето на хидроцентралата Каховка ќе значи дека полињата во јужна Украина би можеле да се претворат во пустина веќе следната година“, се додава.

Ќе биде загрозено и снабдувањето со вода за пиење во населените места. Дополнително, од Министерството за земјоделство велат дека очекуваат негативни последици за рибарството.

Браната беше уништена вчера рано наутро во јужниот дел на Украина, во областа Керсон, окупирана од Русија. Кремљ го обвинува Киев. Од друга страна, Украина и многу западни набљудувачи се убедени дека руските окупатори сами ја разнесоа браната, веројатно за да ја спречат планираната украинска контраофанзива.

Русија води војна против Украина повеќе од 15 месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ