вторник, 22 октомври 2024

Украина планира да обучи неколку десетици борбени пилоти за Ф-16

Објавено на

часот

Сподели

„Се прави сè за да се започне што е можно поскоро“, изјави Ихнат за украинската национална телевизија, додавајќи дека пилотите избрани за обуката ќе имаат борбено искуство. Тоа не е обука, тоа е преквалификација, додаде Ихнат.

Украина, која ја започна долгоочекуваната контраофанзива, постојано повторува дека ѝ се потребни нови западни авиони за успешно да се спротивстави на руската воздушна доминација. Членките на НАТО, Холандија и Данска ги предводат напорите на меѓународната коалиција за обука на пилоти и помошен персонал, одржување на авионите и на крајот снабдување со Ф-16 на Украина.

Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен оваа недела изјави за Ројтерс дека обуката на украинските пилоти за летање со Ф-16 може да започне уште ова лето. Таа рече дека целта ќе биде програмата за обука да биде целосно оперативна во рок од шест месеци. Данска, каде што има симулатори за летање, е можна локација за одржување на програмата.

Сè уште не е донесена конечна одлука за барањето на Киев за испорака на десетици авиони Ф-16, рече Олонгрен. Програмата за обука поддржана од САД ќе ги вклучи Белгија и Луксембург, додека Франција и Британија се понудија да помогнат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ