сабота, 20 јули 2024

Украина: Ослободивме повеќе од 100 квадратни километри за една недела

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на изминатата недела, нашите сили напредуваа околу 3 километри длабоко зад непријателските линии во близина на Мала Токмачка и 7 километри јужно од Велика Новосилка“, рече Олексиј Хромов, заменик командант на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина на брифинг со новинарите во Киев.

Тој ги повтори тврдењата на други украински функционери дека седум населени места се ослободени во областа, додавајќи дека повеќето од ослободените населби се мали села.

Денеска, руското Министерство за одбрана соопшти дека групата Восток на руската војска „одбила два украински напади со воздушни и артилериски оган“ во истата област.

Во меѓувреме, руските сили се обидуваат да ги пробијат украинските одбранбени линии во регионот Харков или во делови од линијата на фронтот во источниот регион Доњецк. Меѓутоа, во исто време Русите се повлекуваат од окупираните територии во околината на Бахмут, изјави Хромов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ