сабота, 19 октомври 2024

Украина: Наскоро ќе влеземе на Крим

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање за можното влегување на украинските сили на Крим, шефот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана рече дека тоа ќе се случи – наскоро.

Кирило Буданов, кој разговараше за ТСН, не прецизираше датум, но рече дека тоа ќе се случи во блиска иднина.

Крим е под руска окупација од 2014 година и е клучна цел на украинската контраофанзива.

Последниве недели беа забележани повеќе напади на полуостровот – вклучително и експлозија што го оштети Кримскиот мост што го поврзува Крим со Русија.

Украинската контраофанзива беше започната на почетокот на јуни, но досега се одвива релативно бавно – иако се чини дека замавот на украинското напредување се зголеми во последниве денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ