недела, 24 ноември 2024

Украина ја обвини Унгарија: Украинските воени затвореници ги држат во изолација

Објавено на

часот

Сподели

Затворениците се по потекло од Закарпатската област во западна Украина која се граничи со Унгарија и во која живеат околу 100.000 етнички Унгарци. Киев денеска соопшти дека украинските власти не успеале да добијат пристап до воените заробеници, пишува Гардијан.

„ Сите обиди на украинските дипломати во изминатите неколку дена да воспостават директен контакт со граѓаните на Украина беа неуспешни. Тие всушност ги држат во изолација“, напиша на Фејсбук портпаролот на Министерството за надворешни работи, Олег Николенко.

На затворениците ѝм беше дозволено да комуницираат со семејствата во присуство на трети лица и ѝм беше ускратена можноста за контакт со украинската амбасада, додаде Николенко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ