вторник, 22 октомври 2024

Украина и НАТО потпишаа договор за долгорочна стратегиска соработка

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и на Украина прифатија план за долгорочна соработка, кажа денес генералниот секретар на западниот воен пакт Јенс Столтенберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес го прифативме првиот план за соработка и иновација меѓу НАТО и Украина“, кажа Столтенберг по состанокот на Советот НАТО-Украина.

Земјите од НАТО ја координираат поддршката за Украина преку неформалната група предводена од Соединетите Американски Држави, наречена Контактна група за одбрана на Украина. сега членките на Алијансата договараат начини како таа одговорност да се пренесе во формалните структури на НАТО.

„Повеќе од 99 отсто од цела воена помош за Украина ја обезбедуваат сојузниците од НАТО. Затоа има смисла НАТО да преземе поголема улога во тие напори“, смета Столтенберг.

Тој ги повика сојузниците да прифатат долгорочна финансиска обврска во вредност од 40 милијарди евра годишно, за што треба да се одржи актуелното ниво на финансирање.

Од руската инвазија, сојузниците пружија околу 40 милијарди евра воена помош секоја година. Им предложив да ја одржиме оваа поддршка како минимална додека е потребно и сојузниците активно да го поделат тој товар“, кажа Столтенберг денес.

„Колку подолго планираме и колку подолго сме посветени, Украина може порано да постигне мир. Бидејќи уверлива долгорочна поддршка би ѝ покажала на Москва дека не може едноставно да чека поддршката на НАТО да спласне“, кажа тој.

Додаде дека БДП на земјите членки на воениот пакт ќе послужи како основа за одредување на „праведна поделба на товарот што се однесува до целта од 40 милијарди евра“.

„Американскиот БДП сочинува околу 50 отсто од БДП во НАТО. Затоа САД ќе бидат одговорни за 50 отсто од таа обврска, а остатокот ќе се подели меѓу европските сојузници и Канада“, кажа Столтенберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ