сабота, 19 октомври 2024

Украина договорила со Хрватска користење на нејзините пристаништа за извоз на житото

Објавено на

часот

Сподели

„Договоривме можност за користење на хрватските пристаништа на Дунав и Јадранско Море за транспорт на украинското жито. Сега ќе работиме на воспоставување на најефикасните рути до овие пристаништа и максимално ќе ја искористиме оваа прилика. Секој придонес кон деблокирање на извозот е вистински, ефикасен придонес на светската безбедност на храната. Ѝ благодарам на Хрватска на конструктивната помош“, истакна Кулеба.

Тој додаде дека главна тема на денешните разговори било оружјето. „Разговаравме за понатамошната поддршка на Хрватска а се заблагодарив и на веќе пружената помош. Од очигледни причини нема да обелоденувам детали. Ќе кажам само дека постојат конкретни договори кои наскоро ќе бидат спроведени“, кажа украинскиот министер за надворешни работи.

Грлиќ Радман наведе на Твитер дека дошол во Киев со цел договор за продолжение на помошта на Хрватска на Украина.

„Хрватска продолжува да пружа силна поддршка – вклучувајќи повоено опоравување во деминирањето и рехабилитацијата, енергетската инфраструктура, олеснувањето на извозот на житарките, обезбедувањето одговорност за злосторствата и процесот на придржување на Европската Унија“, истакна шефот на хрватската дипломатија.

Кремљ на 17 јули објави дека го раскинува Договорот за извоз на жито преку Црно Море, кој Русија и Украина одвоено го склучија во јули 2022 со ОН и Турција во Истанбул.

По повлекувањето од договорот за житото, Русија ги засили нападите на југот на Украина, особено на пристанишната инфраструктура во Одеса.

Министерот за инфраструктура на Украина Александар Кубраков на 26 јули изјави дека целта на руските напади е „да го лиши светот од украинските житарки, создавајќи глобална криза со храна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ