недела, 21 јули 2024

Украина бара од Европа да ја зголеми испораката на електрична енергија

Објавено на

часот

Сподели

„Бараме од Европа да ја зголеми испораката на електрична енергија”, кажа украинскиот службеник за агенцијата Франс прес. Доволно е количество до два гигавати, прецизираше тој.

Руската војска почна масовни удари на украинската инфраструктура на 10 октомври 2022 година, два дена по нападот на Кримскиот мост, зад кој, според наводите на руските власти, стојат украинските специјални служби. Ударите се изведуваат врз енергетски објекти, објекти на одбранбената индустрија и на воената команда.

Оттогаш Украина е принудена, од време на време, да увезува електрична енергија од европските земји за да ги покрие своите потреби поради недостигот на сопствени капацитети за производство на електрична енергија, како што претходно известуваше електростопанската компанија Укренерго.

Притоа, украинскиот капацитет за производство на електрична енергија драстично опадна откако руските сили во февруари 2022 година ја зазедоа нуклеарната електрана во Запорожје, инаку најголема во Европа, која произведуваше околу петтина од вкупната струја во земјата. Запорошката област беше анектирана од Русија по референдумот што беше одржан подоцна таа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ