„Ве повикуваме, да ги искористите бенефитите од раното поднесување на ДДВ – 04 пријавата, дознајте порано дали вашата пријава е примена, и обработена без грешки. Навремено испланирајте го Вашиот буџет за исполнување на даночните обврски. Добијте го порано бараниот ДДВ. Рокот од 30 дена за враќање на ДДВ почнува да тече од денот кога сте го доставиле образецот со искажаното барање за враќање. Избегнете го стресот од пријавување и плаќање на обврската за ДДВ во последен момент. Спокојно користете го месецот на годишни одмори“, апелираат од УЈП.