Натпреварот двете екипи првично требаше да го играат во четврток од 17:00 часот, но истиот сега е презакажан за три ипол часа подоцна, односно во 20:30 часот. Причина за ваквата одлука на УЕФА се високите температури.
Ќе потсетиме, билетите за овој натпревар се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари, додека ВИП билетите се продаваат по цена од 500 денари.