понеделник, 21 октомври 2024

УЕФА го промени терминот за натпреварот на Тиквеш со Бреидаблик

Европската куќа на фудбалот, УЕФА го промени терминот на одигрување на натпреварот помеѓу Тиквеш и Бреидаблик поради скопските горештини.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот двете екипи првично требаше да го играат во четврток од 17:00 часот, но истиот сега е презакажан за три ипол часа подоцна, односно во 20:30 часот. Причина за ваквата одлука на УЕФА се високите температури.

Ќе потсетиме, билетите за овој натпревар се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари, додека ВИП билетите се продаваат по цена од 500 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ