сабота, 19 октомври 2024

Удар врз слободата на говорот: “Фокс њуз” тврди дека Такер Карлсон го прекршил договорот

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото до адвокатите на Карлсон, генералниот советник на “Фокс њуз” Бернард Гугар напиша дека водителот го “прекршил” договорот што е потпишан во новември 2019 година и е изменет во февруари 2021 година, пренесува Ен-би-си њуз. 

Адвокатот на Карлсон Брајан Фридман издаде соопштение во кое наведува дека каква било правна активност на “Фокс њуз” би ги нарушила правата на Карлсон на Првиот амандман.

“‘Фокс го брани своето постоење врз основа на слободата на говорот, а сега сакаат на Такер Карлсон да му го одземат правото слободно да зборува зашто преку социјалните мрежи ги подели своите размислувања за актуелните настани”, истакнува Фридман.

Во првата епизода на своето шоу познатиот водител објаснува зошто мисли дека Киев е виновен за оштетувањето на браната во Херсон, и ја илустрира “координираната врева” на американските медиуми според кои одговорни се Русите.

Тој потсетува дека станува збор за брана што ја подигнале и која ја управуваат Русите. Таа, покрај тоа, се наоѓа на територијата што е под контрола на Москва и која го снабдува со вода Крим, “кој во последните 240 години беше дом на руската Црноморска флота”.

Сопственикот на Твитер Илон Маск во реакцијата на првата епизода на емисијата на Карлсон порача дека би “било сјајно на оваа платформа да се имаат емисии од сите делови на политичкиот спектар”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ