сабота, 19 октомври 2024
ОЈО Кавадарци

Ученици од деветтолетка монтирале фотографии на девојчиња за да ги навредат

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници, со цел да ги навредат и исмеваат и да нанесат штета на угледот на оштетените.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ