среда, 30 октомври 2024

Убиен македонски државјанин во Ханиоти, Грција

Објавено на

часот

Сподели

„Убиство се случи во утрово, во раните часови, околу 3.30 часот во Ханиоти на Халкидики. Застреланите лица веднаш биле пренесени во Здравствениот дом во Касандра. Едно од лицата на 39 годишна возраст, било починато на лице место. Неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос, информира Ситипортал.

Според очевидци, двајца маскирани мажи, кои имале качулки, пристигнале на мотор и се доближиле до изнајмената соба во која престојувале македонските државјани и пукале во нив.

Биле истрелани дваесет куршуми во убиениот, пишуваат и други грчки портали. Убиениот бил сопственик на казино во Македонија.

Полициската управа Полигирос спроведува прелиминарна истрага.

Неофицијално, во изнајмената вила престојувале Орхан Бајрами – Оки (39), Сеад Слезовиќ – Сео (45), и ранетиот Мухамед Чајани – Мујо.

                                                                                                       Фото: Архива

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ