вторник, 22 октомври 2024

Убедлива победа за Ливерпул, кикс на Рома

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул покажа доминација на Енфилд против ЛАСК, со по еден гол на Дијаз и Салах и два на Гакпо дојде до победа од 4-0 и прво место на табелата. 

Во оваа група се одигра и мечот меѓу Тулуз и Ројал Унион кој заврши без голови.

Рома одигра само 1-1 на гостувањето кај Сервет. Волчицата поведе со гол на Лукаку во 21. минута, но по пет минути игра во вториот дел прими гол од Бедиа.

Во оваа група Славија Прага победи со гол од пенал длабоко во судиското продолжение, славеа со 3-2 на гостувањето кај Шериф. 

Славија во последното коло го пречекува Сервет и со победа ќе го завери првото место, Рома најверојатно од втората позиција ќе оди понатаму, а тоа ќе значи плус два меча во Европа и тоа со тим кој ќе дојде од Лигата на шампионите.

Баер Леверкузен со 2-0 славеше кај Хакен, Ренџерс и Арис одиграа 1-1, Виљареал со 3-2 го победи Панатенаикос, Молде и Карабак одиграа 2-2. Најмногу голови имаше на мечот меѓу Марсеј и Ајакс кој го добија домаќините со 4-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ