„На 12.05.2024 околу 19.00 часот на Градски стадион во Тетово, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите од ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Струга Трим Лум“ од Струга, полициски службеници од СВР Тетово го привеле З.М.(18) од кичевско Жубрино затоа што го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со друго лице. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.
Струга како гостин со 2-0 го доби натпреварот и ја завери шампионската титула, втора по ред.