сабота, 19 октомври 2024

Уапсена поранешната премиерка на Шкотска

Објавено на

часот

Сподели

Нејзиниот сопруг, поранешниот извршен директор на СНП Питер Мурел, претходно беше уапсен во врска со истрагата заедно со поранешниот благајник на партијата Колин Бити.

Двајцата потоа беа пуштени без поднесување на обвинение во очекувањето на понатамошна истрага.

Шкотската полиција во 2021 година отвори истрага во врска со трошењето на околу 600.000 фунти кои ги собрале поддржувачите за кампањата за независност на Шкотска.

Се сомнева дека собраните пари се потрошени за други цели. Полицијата го претресе седиштето на СНП и куќата на Никола и нејзиниот сопруг.

Запленет е и луксузен трејлер вреден 100.000 фунти пред куќата на мајката на Питер Мурел во Данфермлин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ