вторник, 17 септември 2024

Турски државјанин осомничен за криумчарење златен накит на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Турција со привремено престојувалиште во Република Франција, поради сомнение дека на граничниот премин Богородица пренел седум парчиња златен накит со вкупна тежина од 285,28 грама, вредни 1.977.129 денари кои не ги пријавил.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Основното јавно обвинителство, постои основано сомнение дека сторил „криумчарење“.

„Осомничениот, на 11 септември, на влез во државава на граничниот премин Богородица, како сопатник во автомобил „ауди“ со француски регистарски ознаки, ја избегнал царинската контрола и пренел непријавена стока од поголема вредност, односно седум парчиња златен накит со вкупна тежина од 285,28 грама и вредни 1.977.129 денари кои не ги пријавил“, стои во соопштението од ОЈО.

Постои реална опасност од бегство и неговото присуство во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди на друг начин, па по предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ