сабота, 19 октомври 2024

Туристи во Италија поради фотографирање турнале статуа стара 150 години (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Двајца од групата се качиле на фонтаната да ја гушнат скулптурата „Домина“ на уметникот Енрике Бути, а друг ја турнал со стап, пред статуата висока 1,70 метри да се урне на земја, кажал Голферини, управителот на вилата Алчео во градот Виџу.

 Голферини кажал дека поднел пријава до локалната полиција против сите 17 германски туристи кои биле во групата која ја изнајмувала вилата.

Тие во меѓувреме ја напуштиле Италија, а целиот настан е снимен на надзорните камери.

Статуата е стара околу 150 години, а нејзината вредност се проценува на околу 200.000 евра, вели Голферини и додава дека поправката е отежната поради дополнителното оштетување на плочките во фонтаната.

„Домина на некој начин беше жена која ја штитеше вилата. За жал, постојат незнајковци кои прават вакви работи“, кажа Голферини.

Во јуни на социјалните мрежи беше објавена снимка од турист од Англија со бугарско потекло како испишува графит „Иван+Хејли 23“ на ѕид на Колосеумот во Рим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ