сабота, 19 октомври 2024

Турција: Наредено апсење на 15 лица наводно поврзани со Мосад

Судот во Турција денеска донесе одлука за апсење на 15 лица и депортација на уште осум лица за кои се тврди дека се поврзани со израелската разузнавачка служба Мосад, а за кои се наведува дека ги таргетираат Палестинците што живеат во Турција, јавува турската телевизија ТРТ Хабер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Турските власти претходно оваа недела уапсија 34 лица, откако го предупредија Израел за „сериозни последици“ доколку се обиде да нападне членови на милитантната група Хамас што живеат надвор од палестинските територии, вклучително и Турција, објави Ројтерс.

Турската телевизија, сепак, не соопшти што одлучил судот за останатите 11 лица што се приведени.

Турција, за разлика од повеќето нејзини западни сојузници и некои арапски држави, не го смета Хамас за терористичка организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ