вторник, 22 октомври 2024

Турција испраќа специјалци на Косово на барање на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Како одговор на барањето добиено од Здружениот штаб на НАТО во Неапол, поради настаните на северот на Косово, „се планира испраќање турски сили во касарната Султан Мурат на Косово на 4 и 5 јуни“, се вели во соопштението.

Како што е прецизирано, станува збор за членови на баталјонот командоси од 65-та механизирана пешадиска бригада од Киркларели, кој претходно бил распореден во составот на КФОР.

Во соопштението се додава дека Турција продолжува да придонесува за регионалниот и глобалниот мир и стабилност во рамките на мисиите на ОН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.

„Во овој контекст, нашата земја внимателно ги следи настаните на Балканот, каде што имаме заеднички историски и културни вредности, зазема конструктивен став и повикува на воздржаност на страните, како и за решавање на последните настани во пријателскиот и братски северен дел на Косово, кои ѝ штетат на регионалната безбедност и стабилност, преку дијалог“, соопшти турското Министерство за одбрана.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 30 мај во Осло изјави дека воената алијанса ќе испрати дополнителни 700 војници на Косово со цел да се потисне насилството што избувна на северот и да се подготви уште еден баталјон кој ќе биде испратен доколку е потребно, пренесе Ал Џезира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ