вторник, 22 октомври 2024

Турција го лансираше својот прв сателит

Турција денеска го лансираше својот прв домашен комуникациски сателит, Турксат 6А, во орбитата, кој ќе го прошири сателитското покривање на земјата и ќе ги задоволи потребите за телевизиско емитување, соопштија властите.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ракетата Фалкон 9 на Спејс Икс го однесе сателитот во вселената од комплексот за вселенско лансирање Кејп Канаверал во Флорида, САД. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека лансирањето претставува отворање на „нова фаза“ за Турција во производството на сателити.

Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу рече дека првиот сигнал од Турксат 6А бил примен 67 минути по лансирањето, како што било планирано, додавајќи дека сателитот ќе ја прошири способноста за гледање турски содржини на 5 милијарди луѓе.

„Ќе ги доведеме нашите сопствени комуникации, нашите телевизиски емисии на побезбедно, подобро ниво“, рече тој, објаснувајќи дека Турксат 6А сега ќе овозможи содржината од Турција да стигне до Индија, Индонезија, Малезија и Тајланд.

Турција и претходно лансираше сателити со помош на ракети од Спејс Икс.

Уралоглу вели дека Турксат 6А е резултат на 10-годишниот напор за производство на сателитот во Турција, што ја прави земјата една од 11-те земји што го направија тоа, додава тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ