сабота, 19 октомври 2024

Туи се засадени на булеварот Киро Глигоров во Скопје

Теренските екипи на јавното претпријатие Паркови и зеленило Скопје, работат на целосно уредување со нови зимзелени садници на булеварот Киро Глигоров. На средишниот зелен потег засадени се вкупно 350 зимзелени садници од видот туи (thuja occidentalis smaragd) кои праволиниски овозможуваат естетска и еко функција на булеварското зеленило, соопшти Град Скопје. 

Објавено на

часот

Сподели

„Тимови на градските претпријатија ЈП Паркови и зеленило, ЈП Улици и патишта и ЈП Комунална хигиена, во текот на изминатата и следната недела работат на санација и уредување долж булеварот Киро Глигоров со цел постапување согласно барањата на граѓаните преку канцеларијата Скопје 24 часа отворен град“, информираат од канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска.

дИнаку, за овој вид на туи на интернет може да се прочита дека станува збор за зимзелено дрво со компактна тесно-пирамидална крошна и темно зелена боја на иглиците и дека на извесен начин се туи број еден во уредувањето на дворови и паркови и се составен дел од речиси секој план за хортикултурно уредување. Достигнуваат висина од 4-6 метри и ширина од 1 до 1,8 метри, годишно прираснува околу 15-20 сантиметри и се отпорни на суша.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ