вторник, 22 октомври 2024
Баерн е подготвен да плати огромна сума на пари за дефанзивецот на Барса

Тухел му се јавил на Араухо за да му каже дека го сака под итно и по секоја цена!

Новинарот Флоријан Плетенберг објави дека Томас Тухел вчера му се јавил на Роналд Араухо за да го убеди да се пресели во Баерн Минхен, на дефанзивецот му било кажано дека ќе биде важен дел од тимот и нема да се штедат пари за негов ангажман.

Објавено на

часот

Сподели

„Баварците“ изминативе години потрошија многу пари на засилувања во одбраната, но последната линија не функционира како што треба, па се кројат планови за нов голем трансфер.

Медиумите од Германија пренесуваат дека Роналд Араухо од Барселона е топ приоритет на клубот од „Алианц Арена“.

Новинарот Флоријан Плетенберг објави дека Томас Тухел вчера му се јавил на Уругваецот за да му стави јасно до знаење дека ќе биде важен дел од тимот.

Томас Тухел исто така го известил дефанзивецот дека го сака под итно (во јануари, или најдоцна следното лето) и го сака по секоја цена.

Наводно Баерн Минхен е подготвен да плати „огромна сума на пари“ за реализирање на трансферот, но зделката воопшто не е лесна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ