вторник, 22 октомври 2024

Труење со хлор во хотелски базен во Охрид

Неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен во хотел на брегот на Охридското Езеро манифестирале знаци на труење со хлор. Настанот вчера во 19:55 часот бил пријавен во СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

„Притоа, во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р. (24), А.Б. (19), двајцата од Охрид, Ј.А. (45) и А.П. (37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А. (42) и две малолетни лица, сите од Скопје. За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид“, се вели во соопштението од СВР Охрид и се додава дека се работи на расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ