сабота, 19 октомври 2024

Тројца загинати во невремето во Словенија, се евакуираат градови (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По излевањето на реките поради временската непогода во Словенија, на удар на надојдените води во моментов е Хрватска, а се очекува бранот да продолжи кон Србија.

Обилните дождови почнаа синоќа во Словенија, а утринава беа поплавени многу места низ земјата.

Неколку села се отсечени од остатокот од земјата, а стотици пожарникарски интервенции се регистрирани од синоќа.

Агенција на Република Словенија за околината (АРСО) прогласи црвен метеоролошки аларм за поголемиот дел од земјата.

Најмалку три лица загинале од последици на невремето. Словенец смртно настрадал во областа Камник, а двајца Холанѓани загинале во планините кај Крањ. Околностите се утврдуваат, соопшти полицијата.

Доброволното пожарникарско здружение Менгеш на својот профил на Фејсбук објави снимки на спасување деца од градинка.

„Ги известуваме родителите од детската градинка Гобица дека сите 22 деца се успешно евакуирани на безбедно во делот Сончек“, порачаа тие.

Невремето се движи по источна Словенија, а почнува поширока евакуација во Целје, каде без струја останале речиси 12.000 корисници, додека на западот на земјата хидролошката ситуација се смирува.

Во Камниште во Словенија, под силата на надојдената вода се урнал мост. Момент пред уривањето возач успеал да избега со својот автомобил возејќи наназад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ