вторник, 22 октомври 2024

Тројца мртви и седум тешко повредени во 9 сообраќајни несреќи за два дена

Објавено на

часот

Сподели

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа што денеска рано утрото се случи на регионалниот пат Прилеп – Росоман.

Утринава  околу 6:30 часот во полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај место викано Камен дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ. од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. од Свети Николе. Малку подоцна на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С. од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И. од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата, информираше МВР.

 Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на „фиат добло“, К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, 55 годишна светиниколчанка, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. На терен интервенирала и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари. 

в

Фото: КТВ – Кавадарци

„Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент. Смртта кај двете лица беше констатирана на лице место“, изјави за МИА, доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош  во Кавадарци.  

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С. од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица Кавадарци, информира од МВР.

ц

Фото: КТВ – Кавадарци

Два патни правци затворени за сообраќај

Поради две засебни сообраќајни несреќи во прекин се двете патни делници Ростуше – Жировница и Прилеп – Градско. Како што информираше попладнево АМСМ.

Патниот правец село Ростуше – село Жировница е во прекин за товарни возила поради сообраќајна незгода, а од 6:40 часот, поради сообраќајка, во прекин е и сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско, 500 метри од крстосницата „Камен Дол”, соопшти АМСМ. 

Автомобил се превртел утрово кај превојот Плетвар. Во несреќата повредена е 61 – годишна жена која била пренесена во Градска болница Прилеп“,  ја потврди информацијата од МВР.

вб

Фото: МИА

Вчера четири тешко и три лесно повредени во шест засебни сообраќајни несреќи  

Според полицискиот билтен, вчера на територијата на цела Македонија се случиле шест сообраќајни несреќи. Пет од нив се надвор од градските средини една е регистрирана кај трговскоиот центар Бисер во Скопје.

„Во ОВР Ресен вчера попладне било пријавено дека на регионалниот пат  Маркова нога – Макази,  кај место викано „Зердец“,  М.П.(23) од Велес, управувајќи мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата М.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Ресен.  Синоќа во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат Дебреше – Врањовце, гостиварско, Б.К.(42) од Врањовце, управувајќи мотоцикл ,,пежо“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар, пишува во полицискиот билтен.

Сообраќајни несреќи со текшо повредени вчера се случиле и на територијата на Велес и Валандово.

„Вчера во СВР Велес било пријавено дека на локалниот пат Раштани-Велес, товарно моторно возило „киа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(59) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. Во ОВР Валандово било пријавено дека на регионалниот пат кај село Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила „пасат“, едното со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(43) од Куманово, а другото со српски национални ознаки, управувано од В.А.(52) од Република Србија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото со кумановски ознаки, Л.Ј.(62) од село Отошница, општина Ранковце, констатирани во Општа болница Гевгелија, додека две сопатнички од другото возило, С.А.(50) и малолетничка, двете од Република Србија се здобиле со телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово, регистрирал полицискиот билтен.

Осумдесет годишна жена загина вчера откако на скопската обиколница во неа удрило возило кое не застанало.

„Вчера во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник за Раштански пат, патничко возило удрило во пешакот Р.И.(80) од Скопје и го напуштило местото. Од здобиените повреди на местото на несреќата Р.И. починала, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, пишува во соопштението на МВР. 

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне во близина на трговскиот центар Бисер во Скопје.

Од МВР изјавија дека во 15:06 часот, возило тојота удрило во жардињера на булеварот Јане Сандански кај ТЦ Бисер во Аеродром.

Екипите на брзата помош излегле на местото на несреќата, а возачот бил пренесен во болница за укажување на лекарска помош.

                                                                                                                                                                   И.О.

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ