сабота, 19 октомври 2024

Тројца американски војници се убиени во напад со дрон во Јордан, Бајден го обвинува Иран

Тројца американски војници се убиени, а 25 се ранети во напад со дрон во Јордан, соопшти американската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) во соопштение наведува дека жртвите настрадале во напад со дрон врз база во североисточниот дел на Јордан, во близина на границата со Сирија.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нападот го извршиле „радикални милитантни групи поддржани од Иран“.

Ова е првпат американски војници да бидат убиени во регионот откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

Имаше напади врз американски бази во регионот, но американската војска досега не пријави жртви.

„Иако сè уште ги собираме фактите за овој напад, знаеме дека е извршен од радикални милитантни групи поддржани од Иран кои дејствуваат во Сирија и Ирак“, рече Бајден во изјавата.

„Џил и јас им се придружуваме на семејствата и пријателите на нашите загинати и Американците низ целата земја, во жалост за загубата на овие воини во овој одвратен и целосно неправеден напад“, се додава во соопштението.

Досега се регистрирани повеќе од 158 напади врз американските и коалициските сили во Ирак и Сирија од почетокот на војната во Газа. Сепак, американските власти досега ги опишаа нападите со беспилотни летала, ракети и проектили како неуспешни бидејќи не предизвикаа сериозни повреди или оштетувања на инфраструктурата.

Американските трупи долго време го користеа Јордан како база. Во Јордан обично се стационирани околу 3.000 американски војници.

Откако почна израелската војна против Хамас во Појасот Газа, американските трупи во Ирак и Сирија се соочија со напади со беспилотни летала и ракети врз нивните бази. Нападот на Јордан го означува првото гаѓање на американски војници во Јордан за време на војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ