петок, 25 октомври 2024

Трипуновски: Тоа што градоначалниците на Струмица не инвестирале доволно во филтер станицата говори за нивното работење

Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење за граѓаните. Нашата интенција беше да помогнеме затоа што видовме дека локалната самоуправа не успеа да го изменаџира процесот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по вчерашното излегување на Струмица од ЗЕЛС поради, како што наведоа од Општината, индиферентниот однос кон градот и нејзините граѓани во периодот кога се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење и поради одбивањето на единствениот проект од Струмица за користење на средства од унгарскиот кредит.

Објавено на

часот

Сподели

Трипуновски вели дека во целата ситуација нема никаква политика од страна на Владата и дека единствената интенција на Министерството била да и се помогне на општината за надминување на проблемот со водата за пиење.

„Согласно законите, обврска на локалната самоуправа е водата што ја добива во филтер станицата да ја доведе во фаза на питкост за да ја дистрибуира до граѓаните и тука не сакам да вметнувам политика. Нашата интенција беше да се ставиме на располагање бидејќи гледавме дека локалната самоуправа слабо го менаџираше тој процес и тоа беше практично целата наша активност. Тоа што градоначалникот на Струмица и сите претходни градоначалници не инвестирале доволно во филтер станицата говори за нивното работење во минатото. Не е одговорноста на Владата, одговорноста е на локалната самоуправа“, рече Трипуновски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната дебата во Владата посветена на земјоделството, локалната самоуправа и животната средина.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински го повтори ставот што го изнесе во интервјуто за МИА дека нема политика во распределбата на средствата од унгарскиот кредит и дека градоначалникот на Струмица аплицирал со проект кој веќе е тендериран и за кој се почнати градежните работи. Перински го повтори и ставот дека апелира на разумност кај градоначалниците на Струмица и Карпош кои најавија излегување од ЗЕЛС.

Општина Струмица вчера официјално соопшти дека излегува од ЗЕЛС, а градоначалникот на Карпош најави таква можност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ