сабота, 19 октомври 2024

Трипл-дабл на Јокиќ за победа на Денвер, Клиперс го добија дербито на Лос Анџелес (ВИДЕО)

Нова одлична партија на Никола Јокиќ, со трипл-дабл учинок го предводеше Денвер до победа кај Индијана од 114-109, Лос Анџелес Клиперс со 127-116 го совлада Лос Анџелес Лејкерс.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ и Џемал Мареј имаа идентичен број на поени, по 31, но српскиот кошаркар беше подобар во другите категории во кои исто така имаше двоцифрени бројки. Оствари 13 скокови и 10 асистенции. Најдобар кај Индијана беше Тарнер со 22 поени.

Клиперси го добија дербито на Лос Анџелес и тоа прилично лесно, водеа во текот на целиот меч. Езерџиите во последниот период дојдоа до -2, но не го свртеа резултатот.

Најефикасен кај Клиперс беше Ленард кој реализираше трипл-дабл со 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Во составот на Лејкерс Расел постигна 27 поени, Дејвис 26. Леброн не настапи поради повреда.

Резултати:
Индијана – Денвер 109-114
Бруклин – Њујорк 103-108
Њу Орлеанс – Јута 153-124
Оклахома – Портланд 111-109
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 127-116

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ