Три романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“
„Простување“ од Кица Колбе, „Светот што го избрав“ од Калина Малеска и „И ѕирка и проѕирка“ се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ова го реши жири-комисијата во состав, Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева. Насловот на победничкиот роман ќе биде соопштен на прес-конференција на 14 март напладне.

Објавено на
часот