петок, 25 октомври 2024

Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Битола

Три лица се повредени, едно од нив се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа во Битола меѓу две возила.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 19.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.Прилепска и ул.Наум Наумовски Борче во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка фолксваген пасат со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(68) од Битола и патничко возило БМВ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото БМВ, П.Ч.(45), а со телесни повреди се здобиле возачот М.А. и сопатник А.Х.(29) сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ