сабота, 19 октомври 2024

Тревога на Тајван, десет кинески воени авиони ја преминале чувствителната линија на мореузот

Објавено на

часот

Сподели

Ова е втор пат за помалку од една недела Тајван да пријави обновена кинеска воена активност, откако 37 воени авиони во четвртокот влетаа во зоната на противвоздушната одбрана на островот, дел од кои потоа одлетале во западниот Тихи Океан.

Кина, која го гледа Тајван како сопствена територија, во изминатите три години редовно со своите воздушни сили лета на небото во близина на одметнатиот остров, но не и во територијалниот воздушен простор на Тајван.

Во кратко соопштение, министерството за одбрана на Тајван соопшти дека во недела во 14 часот (8 часот по средноевропско време) регистрирало 24 авиони на кинеската авијација, вклучуваќи ловци Ј-10, Ј-11, Ј-16 и Су-30, како и бомбардер Х-6.

Не е наведено каде точно летале тие авиони, но соопштено е дека десет од нив ја минале средната линија на Тајванскиот мореуз која ги раздвојува двете страни.

Тајван испратил свои ловци и распоредил бродови и копнени ракетни системи да надгледуваат, кажа министерството, користејќи стандардни формулации за тоа како реагира на таквите кинески активности, наведува Ројтерс.

Кинеското министерство за одбрана не одговорило на барањата за коментар.

Кина во април одржа воена вежба околу Тајван по посетата на тајванската претседателка Цаи Инг Вен на Соединетите Американски Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ