Даниел Малдини со одличните партии за Монца се наметна и доби дебитантски повик, а во победата над Израел доби и шанса за да впише први минути. Третиот Малдини во репрезентацијата на Италија влезе во игра во 73. минута и го доигра дуелот против Израел.
Симболично, дебитантскиот настап на Даниел Малдини беше на исто место како оној на неговиот татко Паоло во 1988 година – на култниот „Фриули“ во Удине. Поодамна своето деби во националниот дрес го имаше неговиот дедо, Чезаре Малдини во 1960 година, а Паоло и Даниел ја продолжија традицијата.
🇮🇹 Cesare Maldini (debut in 1960)
🇮🇹 Paolo Maldini (debut in 1988)
🇮🇹 Daniel Maldini (debut in 2024)Three generations of Maldini wearing Italy shirt. History makers. ✨ pic.twitter.com/c6qa3rtyZf
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 14, 2024