Клубот од Саудиска Арабија побарал промена на условите во договорот со Интер. Двата клуба постигнаа договор за обесштетување од 23 милиони евра, но Саудијците сега сакаат тоа да биде намалено на 15 милиони евра.
Сега на потег е Интер, дали ќе го прифати ова барање на Ал Наср.
Брозовиќ требаше денеска да ги помине медицинските тестови и да го потпише договорот со Ал Наср, но очигледно дека тоа нема да се случи, барем не денеска.