сабота, 19 октомври 2024

Трансфер за историја: три брата во Челси за милион фунти!

Објавено на

часот

Сподели

 

Несекојдневниот трансфер ги одведе 12-годишните близнаци Рио и Кол, и една година постариот Џеј Да Силва во Источен Лондон. Тие досега беа дел од младинската школа на Лутон таун.

„Ова е историски трансфер во кој тројца браќа заеднички пристапуваат на еден ков клуб. Откако Лутон во минатата сезона не успеа да се пласира во повисок ранг, браќата посакаа да продолжат со кариерата во повисок ранг на натпреварување. По шест месеци, најдовме каде тие ќе играат и ќе се усовршуваат. Одат во клуб со врвни услови за напредок и развој, за да продолжат каде што застанаа во Лутон, во кој минаа пет години”, рече координаторот на младите селекции на Лутон, Грег Бројтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ