петок, 25 октомври 2024

Трамп за обраќањето на Бајден: „Срам за Америка, најлош говор на претседател“

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп го нарече синоќешното обраќање на актуелниот претседател Џо Бајден во Конгресот „срам за Америка“ и оцени дека говорот му бил „гневен и поларизирачки“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа беше можеби најгневниот, најнечувствителниот, најлошиот говор на претседател во Конгресот. Беше тоа срам за нашата земја“, порача Трамп на социјалната мрежа Трут соушал.

Тој истакна дека говорот на Бајден бил исполнет со омраза.

„Бајден едвај го спомна прашањето на мигрантите, или прашањето на најлошата граница во историјата на светот. Тој никогаш нема да го поправи проблемот со нелегалните миграции, ниту пак тоа го сака. Сака нашата земја да биде преплавена со емигранти. Кривичните дела ќе пораснат на ниво невидено досега, и тоа ќе се случи набрзо“, истакна Трамп.

Бајден синоќа се обрати во Конгресот, каде зборуваше за бројни актуелни теми, и во САД и во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ