петок, 25 октомври 2024

Трамп вети дека ќе ги ослободи напаѓачите на Капитол доколку биде реизбран

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги ослободи лицата затворени за учество во нападот на американскиот Капитол во 2021 година како еден од првите чекори доколку биде реизбран, нарекувајќи ги „заложници“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бунтовниците, кои тогаш ги поттикна на акција со лажни тврдења за изборна измама на последните претседателски избори, упаднаа во седиштето на американската демократија на 6 јануари 2021 година во обид да го спречат трансферот на власта од него на Џо Бајден.

Од нив 1.358 се обвинети во изминатите 38 месеци, покажуваат податоците на Министерството за правда, објавени минатата недела.

Околу 500 од нив се осудени на затворски казни.

Трамп ја даде објавата на платформата Трут соушл, ветувајќи дека исто така ќе ја затвори границата со Мексико како еден од своите први чекори доколку биде реизбран.

Притоа не соопшти никакви детали.

„Мојот прв потег како ваш следен претседател ќе биде затворањето на границата… и ослободувањето на заложниците од 6 јануари кои се неправедно затворени!“ напиша тој доцна во понеделникот.

Трамп претходно зборуваше за својот хипотетички прв ден на функцијата, ветувајќи за време на еден свој настап во декември дека нема да се однесува како диктатор „освен првиот ден“.

Ова не е првпат Трамп да ги нарече своите затворени поддржувачи „заложници“ или да предложи тие да бидат ослободени.

Во јануари тој го повика претседателот Бајден „да ги ослободи заложниците од 6 јануари“ за време на предизборен митинг во Ајова.

Трамп се соочува со четири обвиненија за кривично дело, вклучително и едно федерално и едно во Џорџија, кои произлегуваат од неговите обиди да ги поништи изборните резултати откако загуби од Бајден.

Трамп е речиси сигурно дека ќе биде републикански претседателски кандидат сега кога неговата последна преостаната соперничка Ники Хејли се откажа од трката по неговата убедлива победа на досегашните партиски прелиминарни избори.

Трамп тврди дека поддршката што ја ужива во базата на републиканците е поголема, а не помала поради неговите многубројни проблеми со судството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ