понеделник, 21 октомври 2024

Трамп служеше помфрит во Мекдоналдс поради Камала: „Оваа работа ја работев најмалку 15 минути подолго од неа“ (ВИДЕО)

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во неделата накратко работеше во ресторан на Мекдоналдс во Пенсилванија и рече дека таа работа ја работел најмалку 15 минути подолго од својата демократска ривалка Камала Харис, чија кампања летово објави дека работела во ресторан за време на студентските денови.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Трамп го соблече сакото и стави престилка во објект на Мекдоналдс наменет за возачи во округот Бакс, каде што работеше на фритеза и послужуваше клиенти, објави порталот Хил.

Кампањата на Харис во август објави дека потпретседателката на САД работела во ресторан како студент за да плати за своето школување на Универзитетот Хауард, во обид да се привлечат гласачите од средната класа.

Трамп во последните недели интензивно ги коментираше тие наводи, посочувајќи дека работното искуство не е наведено во нејзината Работна биографија.

Изборниот штаб на Харис не ја коментираше посетата на Трамп на Мекдоналдс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ