На прашањето дали Путин ја користи ситуацијата по повлекувањето на американската помош, Трамп одговори:
„Мислам дека тој го прави она што би го направил секој друг. Мислам дека сега ги напаѓа посилно. Тој сака ова да заврши. Мислам дека и Украина сака војната да заврши, но не знам.“
Трамп го повтори својот став дека е спремен целосно да ја прекине помошта за Украина.
„Треба да знам дека тие сакаат договор. Не знам дали сакаат. Ако не, ние се повлекуваме – затоа што сакаме ова да се реши“.
Тој, исто така, повторно неколку пати рече дека војната немало да избие ако тој бил претседател.