Пресудата ја донесе поротата составена од седум мажи и две жени на судењето на кое Трамп редовно присуствуваше, пренесе АП.
Тој ненадејно ја напушти судницата за време на завршните зборови на адвокатот на Керол, за подоцна да се врати.
Керол се насмеала кога била изречена пресудата, според АП, додавајќи дека Трамп веќе ја напуштил зградата со својата поворка.
„Апсолутно смешно!“ изјави Трамп веднаш по објавувањето на пресудата и вети дека ќе поднесе жалба.
„Нашиот правен систем е надвор од контрола и се користи како политичко оружје“, рече Трамп (77).
Керол (80) го тужеше Трамп во ноември 2019 година поради неговото негирање пет месеци претходно дека ја силувал во средината на 90-тите во соблекувална во стоковната куќа Бергдорф Гудман во Менхетен.
Друга порота минатиот мај му наложи на Трамп да ѝ плати на Керол 5 милиони долари поради слично негирање во октомври 2022 година, одредувајќи дека тој ја клеветел и сексуално ја нападнал Керол.
Трамп ја обжали одлуката.