сабота, 19 октомври 2024

Трамп порача дека ќе ја продолжи кампањата дури и ако биде осуден

Објавено на

часот

Сподели

Тој на радио-водителот Џон Фредерикс, десничар кој го праша дали ќе ја прекине кампањата ако го осудат, му одговори: „Никако. Ништо во уставот не вели дека тоа би можело да ме спречи во водењето кампања“.

Поранешниот претседател кажа дека и поранешните американски претседатели Барак Обама и Џорџ В. Буш „земале доверливи документи“.

„Никој не доживеал вакво нешто. Ова е лудо“, кажа тој налутено. Вчера федералните обвинители го проширија обвинението против Трамп во случајот со ракувањето со доверливите документи, за што веќе е обвинет, префрлајќи му дека се обидел да избрише видео-снимки од безбедносниот систем за кои биле заинтересирани обвинителите.

Покрај тоа обвинет е и за тајни уплати на поранешна порно глумица, а му се заканува и обвинение во рамки на истрагата за упадот во Капитол во 2020 година. Државната обвинителка на Џорџија треба да септември да го објави и резултатот од истрагата за притисокот со кој наводно сакал да го смени резултатот на гласањето на претседателските избори во таа сојузна држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ