вторник, 22 октомври 2024

Трамп очекува Бајден да не се откаже од кандидатурата: Не можат ништо да му направат

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека очекува претседателот Џо Бајден да остане во трката за Белата куќа и покрај зголемените повици во Демократската партија тој да се повлече во корист на помлад кандидат.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Трамп (78) рече дека Бајден (81) одбил да ја напушти кампањата поради неговото големо его и посочи дека претседателот добил уверување за номинацијата на демократите поради сите делегати што ги освоил за време на демократските прелиминарни избори на почетокот на оваа година, пренесува Ројтерс.

Бајден во повеќе наврати изјави дека останува во трка.

„Интересно е што тој има голема моќ, бидејќи има делегати. Знаете, кога имате делегати, освен ако тој не каже дека е надвор, ништо не можат да направат за да го исфрлат, освен 25-тиот амандман“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.

25-тиот амандман на американскиот Устав им дозволува на потпретседателот и членовите на кабинетот да го прогласат претседателот за неспособен да ја извршува функцијата, пренесувајќи го овластувањето на потпретседателот како вршител на должноста претседател. Нема индикации дека потпретседателката Камала Харис или демократските лидери ја предложиле таа опција.

Интервјуто беше емитувано во услови на зголемена загриженост во редовите на демократите по катастрофалниот настап на Бајден во дебатата против Трамп на 27 јуни, што поттикна зголемени повици во неговата партија тој да се повлече од кампањата поради нарушено ментално здравје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ