сабота, 19 октомври 2024

Трамп обвинет по закон кој се користи за процесирање на шефовите на мафијата

Објавено на

часот

Сподели

Што е РИКО?

Американските законодавци во 1970 година го усвоија сојузниот закон за организации под влијание на рекетирање и корумпираност за борба против организираниот криминал, особено против мафијата. Повеќето држави донесоа слични закони со некои разлики.

Главните барања според сојузниот РИКО закон се најмалку две основни кривични дела и учество во злосторнички потфат за време на подолг временски период.

Законот РИКО во Џорџија не бара долготрајност на криминалните потфати и наведува речиси 50 основни злосторства кои се квалификуваат како рекетирање, во споредба со 35 според федералниот закон.

На обвинетите кои се прогласени за виновни според обвинувањата на РИКО во Џорџија им се заканува казна од 5 до 20 години затвор, додека сојузниот закон го има истиот максимум, но нема минимум.

Како обично се применува РИКО?

Мафијата во САД е главно разбиена, а примената на РИКО е проширена на многу други видови организиран криминал.

Обвинителите го применија законот на сите видови групи кои ги карактеризираат како криминални „претпријатија“, вклучувајќи ги банките од Волстрит и трговците кои се бават со пазарна манипулација.

Окружната обвинителка на округот Фултон Фани Вилис, избрана демократка која ги поднесе обвиненијата против Трамп, еднаш го искористила законот за кривично да гони повеќе од дваесет наставници во Атланта поради наводно мамење на стандардизираните резултати на тестовите во 2014 година.

Адвокатите на наставниците кажаа дека Вилис претерала сметајќи го системот на јавни школи во Атланта за „злосторнички потфат“, но пресудите биле потврдени во жалбената постапка.

Зошто обвинителите го користат РИКО?

РИКО првично бил замислен како алатка за прогон на мафијашките шефови кои ги „миеле рацете“ ставајќи ги незаконски стекнатите профити во фирми без активно работење или значителен имот и со препуштање на валканата работа на подредените.

Законот не бара од обвинителите да докажат дека обвинетите директно учествувале во криминалните активности, туку само дека биле дел од поголема организација која тоа го правела.

Тоа значи дека обвинителите нема да мора нужно да докажуваат дека Трамп лично го прекршил законот, туку дека свесно координирал со другите кои тоа го правеле.

Кои се ризиците од примената на РИКО?

Предметите на РИКО се суштински посложени бидејќи обвинителите прво мора да докажат постоење злосторнички потфат.

Обвинението на Трамп наведува дополните 18 кообвинети, вклучувајќи ги Марк Медоус, поранешниот шеф на кабинет на Трамп, и адвокатите Руди Џулијани и Џон Истман.

Обвинителите ќе мора да докажат дека Трамп и другите обвинети заедно работеле на заедничка злосторничка цел, што не е секогаш така едноставно како докажување на основното злосторство.

Меѓутоа, секој дополнителен кообвинет е уште еден кој обвинителите би можеле да го наговорат да сведочи против останатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ