сабота, 19 октомври 2024

Трамп негираше дека се обидел да ги поништи изборите во 2020 година

Објавено на

часот

Сподели

Обвинението против Трамп од 45 страници се состои од четири точки – заговор за да се измамат Соединетите Американски Држави; заговор чија цел е попречување службена постапка; попречување и обид за попречување службена постапка; и заговор против правото. Последната точка се однесува на настојувањето граѓаните да се лишат од уставните или федерални права нивните гласови да бидат чесно преброени.

Би-би-си пренесува дека обвинителите не бараат Трамп да биде задржан во притвор пред судењето. На поранешниот претседател на САД му е кажано дека не смее да комуницира за фактите. Судијата го предупредил Трамп и на „последиците“ околу кршењето на претресните услови. Непочитување може да резултира со налог за апсење, поништени услови за пуштање, притвор и обвиненија за непочитување на судот.

Следното рочиште е закажано за 28 август.

Трамп претходно денес стигна во федералниот суд во Вашингтон каде се изјасни како невин за обвинението за обиди за поништување на резултатите на претседателските избори одржани во 2020 година.

Откако тргна од својот клуб во Њу Џерси, Трамп со приватен авион се упати во Вашингтон, каде слета на аеродромот Роналд Реган. Потоа по улиците на Вашингтон во колона се упати до судницата, со големо медиумско внимание.

Трамп и досега ги негираше овие обвиненија, а пред доаѓањето на својата социјална мрежа Трут повторно напиша дека случајот е политички мотивиран и изнесе неосновани тврдења дека изборите во 2020 година биле нечесни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ