вторник, 22 октомври 2024

Трамп: Корумпираната администрација на Бајден поднела обвинение против мене

Објавено на

часот

Сподели

 „Корумпираната администрација на Бајден ги извести моите адвокати дека поднела обвинение против мене“, напиша Трамп на својата платформа Трут соушл.

Трамп претпоставува дека новото обвинение дошло поради доверливите документи пронајдени на неговиот имот во Флорида, по завршувањето на претседателскиот мандат.

Според него, тој мора да се појави во судот во Мајами во вторник, но поранешниот претседател не даде докази за напишаните изјави. Ројтерс не беше веднаш во можност да ги потврди деталите, а адвокатите на Трамп не беа веднаш достапни за коментар.

Тој претходно беше обвинет од окружното обвинителство на Менхетен за фалсификување деловни документи во врска со пари платени на порно ѕвезда во замена за молчење за аферата пред претседателската трка во 2016 година.

Министерството за правда истражува дали Доналд Трамп ги злоупотребил доверливите документи што ги чувал дури и откако ја напушти канцеларијата во Белата куќа на почетокот на 2021 година.

Пред речиси една година, истражителите запленија приближно 13.000 документи од имотот на Трамп Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида. Околу 100 од нив се класифицирани како доверливи, иако еден од адвокатите на Трамп претходно изјави дека сите доверливи записи се вратени.

Трамп се бранеше дека ги задржал документите, сугерирајќи дека ги декласифицирал додека бил претседател. Сепак, тој не достави докази за тоа, а неговите адвокати не го изнесоа тој аргумент во судските поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ